![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2023/05/bcbb9dbc-b3b5-4010-ab26-34c5b59a18e4-750x430.jpg)
На познатиот црвен тепих на Канскиот филмски фестивал демонстрантка облечена во боите на украинското знаме ја искористи можноста да се полие со лажна крв пред сите.
Жената била подеднакво добро облечена како и останатите кои се појавиле на Канскиот филмски фестивал, а во еден момент, пред премиерата на филмот Асид, дошла до скалите и почнала да им позира на фотографите.
Но, тогаш од деколтето извадила капсула со црвена боја, која требало да претставува крв, ја подигнала над главата и ја полила врз себе.
Обезбедувањето брзо реагирало и ја извело демонстрантката надвор, а таа сето тоа одлично го сфатила и излегла со насмевка.
Инаку, фестивалот во Кан се солидаризира со Украина и минатата година воведе општа забрана за учество на руски делегации или филмски компании поврзани со владата на Владимир Путин, а истото се повтори и годинава.