![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2023/01/rumen-radev-750x430.jpg)
Кога првиот мандат нема да успее, секој нареден значи уште потешки, а понекогаш и тешки за објаснување, компромиси и ризици за општеството, изјави бугарскиот претседател Румен Радев откако кандидатката за премиер на ГЕРБ-СДС, Марија Габриел, на шефот на државата му го врати неисполнетиот мандат за формирање влада.
– Патот по кој тргнавте бара многу интензивна работа и пред сè интензивна комуникација пред бугарското општество, ѝ рече на Габриел шефот на бугарската држава.
Во следните неколку дена Радев ќе го врачи вториот истражувачки мандат за формирање влада на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“.
Радев повторно ги повика партиите во парламентот да не го одложуваат усвојувањето на буџетот за оваа година и важните закони, „бидејќи бугарските граѓани ги очекуваат и се исклучително важни за државата“.