Гир: Имате јасен пат пред вас, искористете го моментумот

Се наоѓаме во многу специјален момент од историјата кога процесот на проширување е поставен како врвен приоритет на агендата на ЕУ, што значи дека работите може да се развиваат многу брзо.

Земјава може да ја зграпчи таа можност, тој моментум за да може да се придвижи напред, а следниот чекор којшто треба да се направи е измена на Уставот, изјави денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Дејвид Гир.

– Всушност, веќе имаме отворено пристапни преговори, начин којшто е навистина отворен и многу јасен пат пред вас. Исто така, од друга страна за да може да се комплетира целиот овој процес, следниот чекор којшто треба да се направи е измена на Уставот, се разбира дека тука зборуваме за суверена одлука која што треба да се направи од страна на вашата држава. Меѓутоа зборуваме за една одлука која што е суштествено значајна за да може да се придвижиме напред – изјави амбасадорот Гир.

Тој напомена дека за динамизирање на процесот на евроинтеграциите клучни се и реформите.

– Всушност реформите коишто се поврзани со животната средина, меѓутоа, исто така, и реформи коишто се однесуваат генерално на сите сфери од животов за да може земјата рапидно брзо да се приклучи кон ЕУ. Тоа што е потребно да се направи е да се забрза динамиката на самите реформи за да може земјата што поскоро да може да ги искористи сите придобивки коишто се нудат од страна ЕУ, изјави Гир.

Евроамбасадорот истакна дека што побрзо се спроведуваат реформите, толку побрзо ќе биде и самото влегување на земјата во ЕУ.