Грчкиот премиер повика на нови парламентарни избори

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, чија десничарска партија Нова демократија освои најмногу гласови на неделните парламентарни избори, денеска повика на нови избори „можеби на 25 јуни“ во обид да освои апсолутно мнозинство.

„Се движиме кон нови избори…што е можно поскоро“, рече Мицотакис по состанокот со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.

Мицотакис синоќа прогласи победа, велејќи дека победата претставува „политички земјотрес“ што го отвора патот за уште едно гласање.

Тоа е „доказ дека Нова демократија има зелено светло од граѓаните да управуваме со себе“, рече Мицотакис, објаснувајќи дека е потребен втор глас за да се добие апсолутно мнозинство за да се формира стабилна влада.

Нова демократија освои 40,79 отсто од гласовите, далеку пред левичарската партија Сириза на поранешниот премиер Алексис Ципрас, која освои 20 отсто од гласовите, според пребројувањето на гласовите од речиси сите избирачки места.

Социјалистите од Пасок-Кинала предводени од Никос Андрулакис го зазедоа третото место со 11,46 отсто од гласовите. Одѕивот на гласачите бил 61 отсто.

Сепак, Мицотакис, кој сака да биде реизбран на четири години, претходно ја отфрли можноста за формирање коалиција бидејќи во Грција политичката култура не се заснова на компромис поради лошото искуство со раздорот на краткотрајните коалициски влади.

Мицотакис и за време на изборната кампања не ја криеше можноста за уште едно гласање доколку не успее формирањето влада.