Како што пренесува порталот Индекс.хр нема официјална потврда колку луѓе имало во авионот и дали сите загинале. Но Хина неофицијално од пожарникарите од потрагата дознава дека во авионот наводно имало тројца Холанѓани и дека регистрациите на авионот се исто така холандски.
Сè започна вчера во 12 часот и 30 минути кога хрватската контрола на летање забележала дека авионот што летал од Марибор за Пула исчезнал од радарот, а за неговото исчезнување веднаш бил известен Оперативниот центар за цивилна заштита на Дирекцијата за цивилна заштита.
Потоа беше организирана потрага на терен во која учествуваа 120 лица, а со хеликоптер на Министерството за одбрана беше пребаран и просторот на Капела. Се стравуваше дека на местото каде што паднал авионот има минско поле што ја отежна работата на спасувачите.