Средба Мицкоски-Пленовиќ: „Заедно ќе сработиме изборна програма за престојните избори“

„Договоривме заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за престојните избори“. Оваа е пораката на денешната средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на Владата на Хрватска и претседателот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.
„На средбата се заблагодарив за искрената поддршка која Хрватска ја дава на Македонија и македонскиот народ во целиот период на развој на македонската демократија и пристапувањето кон евроатлантските организации.
Разговаравме и за идните мостови на соработка помеѓу двете пријателски држави.
Договоривме заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за престојните избори“, информираше Мицкоски преку социјалната мрежа ФБ објавувајќи фотографии од средбата со Пленовиќ.
„Зборувавме за предизвиците на регионот и потешкотиите на патот кон ЕУ на Република Македонија, загрижувачките економски состојби, криминалот и корупцијата како кочничари на тој процес“, додаде Мицкоски.