Премиерката на Србија – Ана Бранбиќ во изјава за ТВ Хепи рече дека изборите на 3. април се клучни, бидејќи уште многу тоа треба да се направи, и покрај што Србија „толку се развила“ и ја зајакнала економија. Таа потенцираше дека на 3. април Србија ќе одлучи дали ќе продолжи да оди по тој пат.
„Ако продолжиме и имаме уште четири или пет години стабилност, бидејќи претседателскиот мандат трае пет години – тоа е тоа! Србија ќе излезе од тој повеќедецениски тунел. Некои политичари и тајкуни кои само би краделе никогаш повеќе нема да можат да дојдат “ – смета Брнабиќ.
Во врска со економијата, Брнабиќ смета дека Србија според растот на БДП е прва или втора во Европа.