Интер се пласираше во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), откако и во реваншот славеше против Милан со 1-0.
Диаз имаше одлична шанса во 11. минута, но Онана го одбрани неговиот удар, по што од Милан се закани и Леао, но и тој беше непрецизен.
Голот за Интер го постигна Мартинез во 74. минута по асистенција на Лукаку кој влезе во игра во 66. минута на местото на Џеко.
Интер во финалето ќе се бори против победникот од денешниот реванш дуел меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид. Првиот меч во шпанската престолнина заврши 1-1.
Екипата на Интер се пласира во финалето на Лигата на шампионите за првпат по 13 години.