Борбата на жителите на Грачац и Обровац со големите поплави продолжува. Во очекување на нови врнежи се води трка со времето.
Водостоите се зголемуваат низ државата. Во Хрватска Костајница најавени се вонредни мерки за одбрана од поплави, надојдени се реките Уна и Купа, сите погледи се вперени кон небото и се најавуваат нови врнежи од дожд во следните 36 часа.
Врвот на водостојот на Сава се очекува за околу пет дена. Во изминатите два дена, во округот Задар, реката Зрмања го достигна својот историски водостој. Преку заштитниот ѕид се прели во месноста Обровац и го поплави центарот на градот. Под вода е и гимназијата. Дождот предизвика огромен одрон. Повеќе од сто кубни метри земја и камења го затрупаа патот.
Во општина Грачац, вода навлегла во најмалку 59 куќи, но точната бројка не е позната бидејќи сопствениците на многу куќи не живеат во нив туку во Србија или Германија.
Спасувачкиот центар е подготвен да прими голем број луѓе, а на многу места се поставени вреќи со песок.
Локалните власти објаснуваат дека Грачац поради конфигурацијата на теренот нема можност да се одбрани со зајачки насип бидејќи водата продира од карстното подземје на многу места, а не од еден правец.