Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ никогаш нема да ја заборави таа една недела помината во имиграциски притвор во Австралија, во јануари 2022 година и потоа депортиран од државата.
Ѓоковиќ на најтешките моменти во кариерата се присети по победата на Григор Димитров во третото коло на Мастерсот во Рим.
„Јас не сум анти-ваксер и никогаш не сум кажал дека сум. Јас сум избор, ја бранам слободата на избор, слободата да одлучуваш што вбризгуваш во телото, а што не. Еднаш им го објаснив ова на Би-би-си по враќањето од Австралија, но тие од разговорот исфрлија многу од моите реченици. Затоа никогаш повеќе не зборував на оваа тема“, рече славниот тенисер.
Тој на прес конференција се потсети на она што го доживеал во Австралија лани.
„Затвор. Не можев прозор да отворам. Бев таму помалку од една недела, но сретнав млади луѓе, воени бегалци, кои беа таму многу долго време. Мојот случај послужи за да се расветли нивната ситуација, на крај скоро сите беа ослободени. Се сеќавам, еден млад Сириец бил таму девет години, а сега е во САД. Кога ќе се вратам летово, би сакал повторно да го видам на Ју-ес опен“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Јас не ги прекршив правилата во Австралија, влегов во земјата со исправни документи. Имав коронавирус и се излечив. Ги почитував правилата и не загрозував никого, за одеднаш да станам политички случај. Медиумите ми налепија етиката „но вакс“, издвоен како „персона нон грата”. Бев сам и се чувствував како овца опкружена со 20 волци, немав шанси против големите медиуми, вели Ѓоковиќ.
Сепак вели дека брзо го заборавил сето тоа, мислел позитивно. По втор пат имал ковид и секогаш ги прифаќал правилата, не можел да влезе во САД и не отишол
-” Се откажав од два настапи на Ју-ес опен, потоа се вратив во Австралија и победив. Многу се разочарав од медиумите како и од многу мои колеги, зашто кога половина свет е против тебе, тогаш всушност и го забележуваш вистинското лице на луѓето. Многу од нив свртеа глава, многу играчи и некои организатори“, потенцира Ѓоковиќ.