
68-годишен маж почина од вдишување чад, а 24 лица се полесно повредени во пожар во болницата Сан Карлос во Мадрид, јавуваат шпанските медиуми.
Пожарот избувнал околу еден часот по полноќ на петтиот кат од болницата, а причините се уште се истражуваат, соопшти портпаролот на Министерството за здравство, пренесува „Ел Паис“.
Пожарот избувнал во просторијата во која загинал мажот и било спречено негово ширење.
Според „Ел Мундо“, пациентот во тоа време бил сам. Весникот додава дека пожарот избувнал во одделот за психијатрија.
Меѓу повредените има полицајци, обезбедувачи и медицински персонал, а по укажаната помош тие се пуштени дома.