Јазот меѓу двајцата фаворити продолжува да се намалува бидејќи има повеќе гласови во поголемите градови – главно во корист на опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу – но турските новински агенции продолжуваат да известуваат за многу различни бројки.
Државната новинска агенција Анадолу јавува дека се преброени повеќе од 89 отсто од гласовите.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган има 49,9 отсто – клучно, под 50 отсто потребни за да се избегнат втори избори – и Киличдароглу со 44,3 отсто од гласовите.
Приватната агенција Анка јавува дека досега се преброени помалку од 80 отсто од гласовите. Тука е Ердоган со 48,5 отсто и Кемал Киличдароглу со 45,7 отсто, пренесува Гардијан.
Гласовите од трите најголеми градови би можеле да го променат исходот од изборите
Додека пребројувањето на гласовите продолжува во Турција, гласовите од трите најголеми градови – Истанбул, Анкара и Измир – би можеле да го променат исходот од изборите. Досега во целата земја се преброени околу 89 отсто од гласовите, а Ердоган моментално е во водство.
Но, повеќето од гласовите во најголемите градови сè уште доаѓаат.
Истанбул има 15 милиони жители, додека главниот град Анкара и западниот град Измир заедно имаат 10 милиони жители, а во сите три се преброени само половина од гласовите, пренесува Index.hr.
Се чини дека Кемал Киличдароглу води во Измир и Истанбул, додека Ердоган е тесно во водство во Анкара.