Феенорд е нов шампион на Холандија

Феенорд ја прекина низата од три титули на Ајакс и денес стана нов шампион на Холандија.

На две кола пред крајот Феенорд се стекна со недостижна предност. Клубот од Ротердам на домашен терен беше подобар од Го Хед Иглс со 3:0 и така математички ја обезбеди шампионската титула. Феенорд не дозволи изненадувања и ја искористи првата „меч топка“.

Шампионскиот триумф беше најавен по само 18 минути кога на семафорот веќе стоеше 2:0. Стрелци на головите беше Идрис и Хименез, точка на натпреварот стави Паикасо во 54-тата минута.

За Феенорд ова е 16-та шампионска титула, а прва по чекање од шест години.