Злосторство во Србија – 13 годишник со секира и нож тешко повреди мајка и син

Во Ургентниот центар во Зрењанин рано утрово во 3 часот итната помош донела мајка и син нападнати со секира и нож, јавија српските медиуми.

Неофицијално, мајката (57) со секира здобила повреди во главата и итно е префрлена во Клиничкиот центар Војводина, додека нејзиниот 17-годишен син имал повеќе рани од нож во пределот на градите и од секира во главата и лекарите се борат за неговиот живот.

Според неофицијални извори, српските медиуми јавуваат дека жената и нејзиниот син биле нападнати од 13-годишно момче.

Нападот се случил во село Радојево, општина Нова Црња.