Тензии меѓу Грција и Албанија поради приведувањето на кандидатот за градоначалник
Приведувањето на кандидатот за градоначалник на албанскиот град Химара, Дионис-Фреди Белиери, кој припаѓа на грчкото малцинство, ги подигна тензиите меѓу двете земји, пренесува АП.
Грчкото Министерство за надворешни работи побара ослободување на Белери, кој беше уапсен во петокот под обвинение за купување гласови, два дена пред локалните избори, а локалниот суд потврди дека тој ќе остане во притвор.
Најавата на грчкото министерство имплицира дека случајот може негативно да се одрази на апликацијата на Албанија за влез во Европската унија.
„Денешната одлука на Окружниот суд во Валона, доколку нема непобитни докази, е скандал. Апсењето на кандидат за градоначалник два дена пред изборите не е во рамките на владеењето на правото. Одлуката за притвор води кон целосно поништување на правилото за еднаквост на општинските избори во Химаре, важен центар на грчкото национално малцинство во Албанија“, се вели во соопштението на грчкото Министерство.
Ваквата одлука, се додава, ќе има реперкусии и на односите на Европската унија со Албанија, бидејќи почитувањето на европските правила и принципи на владеење на правото е предуслов за европскиот пат.
„Речиси е невозможно да се разбере како нашите пријатели имаат право да ја оспорат судската одлука во нашата земја, кога цврстите докази што ги бараа не можеа да бидат потешки – Фреди Белери беше фатен во криминални активности против слободни и фер избори. изјави албанската министерка за надворешни работи Олта Јака.
Таа додаде дека „не разбира“ како припадноста на грчкото малцинство го ослободува Белери од законите на Албанија, јави Танјуг.
Џака ги повика грчките власти да се воздржат од изјави кои не ги почитуваат независните институции на Албанија.