Парламентот на Португалија го одобри контроверзниот закон за легализирање на активната евтаназија, пренесе ДПА.
Првите четири обиди не успеаја поради вето на претседателот Марсело Ребело де Соуса и поради приговорите на Уставниот суд. Според Уставот, шефот на државата мора да даде согласност и да го одобри законот, кој е неколкупати ревидиран, во рок од осум дена од приемот во претседателската палата.
Активната евтаназија е прекршок во повеќето земји на ЕУ и може да носи тешки затворски казни. Во 2021 година, Шпанија стана четвртата земја што ја легализираше, по Холандија, Белгија и Луксембург.