Пукање во фабриката на Мерцедес во Германија: Едно лице загина, а уште едно тешко рането

Едно лице загина, а друго е повредено во смртоносна престрелка што се случи утринава во фабриката на Мерцедес Бенц во југозападна Германија.

Локалната полиција на Твитер објави дека едно лице починало, додека друго е тешко повредено.

Оттаму додаваат дека „повеќе нема никаква опасност за вработените во фабриката“.

Полицијата не била веднаш достапна за дополнителни коментари, пренесува Ројтерс.

Едно лице е уапсено во врска со пукањето, а спасувачите се на лице место во фабриката 56 во градот Синделфинген, во покраината Баден-Виртемберг.

Билд пишува дека во таа фабрика се склопува моделот S-Class.