За три дена предадени 5.937 парчиња оружје во Србија

Од 8 мај до денеска во Србија се предадени 5.937 парчиња оружје, 290.572 парчиња муниција и 468 мини и експлозивни направи.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека примопредавањето на оружјето ќе трае до 8 јуни.

Сите граѓани кои поседуваат нелегално оружје можат да го предадат во која било полициска станица.

Оружјето може да се предаде секој работен ден од 07:00 до 19:00 часот.

Да потсетиме, српското МВР соопшти дека граѓаните не мора сами да го носат оружјето во станицата, туку можат да се обратат во најблиската полициска станица и на адресата што ќе ја посочат ќе дојде полициска патрола за да го подигне оружјето.

Од Министерството посочија и дека при предавањето на оружје, муниција и експлозивни материи нема да има идентификација.