Груби: Сребата на Ковачевски и Блинкен е израз за директна подршка на Белата куќа за нашето членство во ЕУ

„Денешната средба во Вашингтон помеѓу Премиерот на нашата земја, Димитар Ковачевски и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен е израз на директната поддршка и потврда на конзистентниот став на Стејт департментот и Белата куќа во поддршка на нашите напори за интеграција во Eвропската Унија. Надминавме многу предизвици и донесовме храбри одлуки како земја со поддршка на Соединетите Американски Држави и како резултат на ова искрено партнерство сега сме дел од НАТО и го започнавме процесот на преговори за интеграција со Европската Унија“. Овие пораки ги испраќа првиот потпретседател на Владата, Артан Груби по денешната средба на премиерот со Блинкен.

„Нашата соработка ќе продолжи уште посилно, посебно во овие клучни околности за одржување на стабилноста и зајакнување на безбедноста на регионално и глобално ниво. Секое достигнување на нашата земја е резултат на мирољубивиот демократски придонес на САД, на кои им изразуваме длабока благодарност“, стои во ставот на Груби споделен во јавноста коментирајќи ја средбата Ковачевски-Блинкен.

(1) Artan Grubi – Takimi i sotëm në Uashington mes Kryeministrit të… | Facebook