Новиот претседател на Судскиот совет со нови правила, без камери на седница!

Новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев, на денешната прва седница со која раководи побара камерите да се исклучат, а дозволи новинарите да останат да ја следат седницата.

Георгиев рече дека одлуката била донесена едногласно на колегиум одржан за време на кратката пауза.

– Јавноста е присутна, но камерите ве молам ќе мора да нѐ оставите да работиме – рече Георгиев.

Експретседателката Весна Дамева реагираше дека таа не била повикана на колегиумот.

– Извинете претседателе јас не знаев дека има колегиум. Јас не бев повикана на колегиум, морам да реагирам. Меѓутоа, ако тоа е ваша едногласна одлука, во ред – рече Дамева.