![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2023/05/1635519130-shutterstock_1914713764-750x497-1-750x430.jpg)
Средношколец од Виена на Инстаграм се заканувал дека ќе изврши убиство во училиште во тој град, што предизвикало страв и паника кај мештаните.
Корисникот на таа социјална мрежа, за кој се претпоставува дека е ученик во гимназијата што ја добил заканата, им испратил фотографии од пиштолот и муницијата на своите соученици и напишал дека сака да застрела неколку ученици и професори, како и директорот .
Осомничениот имал и детален план за напад во неколку паралелки во тоа училиште.
Веднаш била известена полицијата, која соопштила дека е извршен претрес во училиштето, пренесува „Heute“.
„Ние го сфаќаме ова многу сериозно“, рече портпаролот на полицијата.
Официјални лица од државната криминалистичка полиција на Виена во моментов го истражуваат осомничениот.