Фон дер Лајен во Киев: Украина е дел од европското семејство!

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев во симболична посета на Денот на Европа, со цел да ја изрази својата целосна поддршка за Украина.

„Моето денешно присуство во Киев е симболично, но и знак на клучна и многу практична реалност: ЕУ соработува со Украина за многу прашања“, изјави претседателот на Комисијата за новинарите.

Таа нагласи дека со украинското раководство ќе разговара за повеќе прашања, од испраќање муниција и значителна финансиска помош до обезбедување на одговорност на Русија за нејзиното злосторство агресија и подготовка на теренот за почеток на пристапните преговори.