Од утринaва предадени 1.500 парчиња оружје и 50.000 куршуми во српското МВР

Министерството за внатрешни работи на Република Србија соопшти дека од утрово до сега се предадени околу 1.500 парчиња оружје, 50.000 куршуми, повеќе од 100 бомби, минофрлачи и друго оружје. Тие нагласуваат дека е предадено повеќе нелегално оружје отколку во текот на целата претходна кампања.

По неодамнешните трагедии, МВР ги повика граѓаните кои поседуваат било какво нерегистрирано оружје, муниција или експлозивни направи од денеска до 8 јуни да го предадат во која било полициска станица без страв од какви било последици, без разлика дали се работи за оружје кое по закон не може да го поседуваат граѓаните (автоматски пушки и минско-експлозивни направи), како и кратко и долго полуавтоматско огнено оружје.

Граѓаните кои во тој период ќе предадат нерегистрирано оружје, нема да мора да го докажуваат нивното потекло, а во полиција можат да го оставаат секој ден од 7 до 19 часот, соопштуваат од српското МВР.