Бектеши: Контролите на зелените пазари ќе продолжат
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција рече дека контролите на зелените пазари и кај увозниците на овошје и зеленчук ќе продолжат а граѓаните да пријавуваат доколку мислат дека има нерегуларности.
Според Бектеши од страна на Финансиската полиција се поднесени три кривични пријави за увозниците на овошје и зеленчук како и десетина десетина прекршочни пријави од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи.
-Веќе се доставени кривичните пријави до Обвинителството. Контролите ќе продолжат, а ги повикувам и граѓаните да пријавуваат доколку мислат дека има нерегуларности, потенцира Бектеши.
Уште еднаш ги повика инспекторите иако во мал број го контролираат спроведувањето на мерките кои ги носи Владата.
– Ги повикувам инспекторатите да ја завршат својата работа, иако јавно морам да кажам и да им се заблагодарам на секој инспектор, посебно на Државниот пазарен инспекторат, кои и во време на пандемија, иако со толкав број кој не надминува 160 инспектори во целата држава, упорно 24 часа на ден работеа, со цел да го контролираат спроведувањето на мерките што ги носи Владата, истакна Бектеши.