ПСЖ има пикирано врвен тренер за наредната сезона – Жозе Мурињо

Пари Сен Жермен веќе долго време сонува да ја освои Лигата на шампионите, но и под водство на Криштоф Галтие таа голема цел не се оствари и оваа сезона.

Поради ова се погласно и погласно се говори дека Галтие е веќе минато, односно дека „светците“ се во потрага по нов тренер со кој ќе можат да го направат тој исчекор, да се донесе пехарот од елитното натпреварување во Париз.

Според „РМЦ Спорт“ советникот во редовите на ПСЖ, Луис Кампос веќе има јасна замисла за тоа кој да биде предводник а екипата-тоа е неговиот добар пријател Жозе Мурињо.
Мурињо има пехари со Интер и Порто во ЛШ што му носи многу поени во овој случај, па воопшто нема да биде изненадување ако Португалецот ја промени сегашната средина и од италијанската заврши во француската престолнина.

Сепак овој предлог на Кампос треба да добие зелено светло од катарските сопствените кои ги носат овие клучни одлуки.

Инаку Жозе е под договор со Рома до 2024 година.