Коста Кецмановиќ ги прашувал психолозите на клиника: Дали сега сум популарен?

„Зборуваат ли за мене, дали јас сум кралот на мрежите?“. Тоа ги прашувал 13-годишниот Коста Кецмановиќ психолозите и социјалните работници на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци, каде што е сместен откако уби осум соученици, чувар, а ја рани наставничката по историја и шест соученици, пренесува српски „Мондо“.

Според извор од клиниката, Коста воопшто не се интересирал за жртвите, туку единствено за популарноста.

– Тој е во состојба на возбуда, сѐ уште е целосно несвесен што направил – изјавил соговорникот.

Момчето е под будното око на персоналот.

По пристигнувањето бил на разговор од лекарски совет, а претходните денови му биле извршени прегледи, информираат српските медиуми.