Едно од девојчињата од класот на Коста Кецмановиќ (13), кој уби осум ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“, a рани неколку од нив, детално на „Инстаграм“ раскажа што се случувало кога тој упаднал на часот по историја со пиштоли и почнал да пука во другарите.
Како што напиша, минатата година Коста Кецмановиќ одел на училиште во втора смена каде го исмејувале, а потоа годинава се преселил во нивната смена каде што сите нормално се дружеле со него.
– Сите го канеа на своите родендени и секогаш кога излегувавме му се јавувавме. Беше одличен ученик и секогаш добиваше 5.0, сите мислеа живее во нормално семејство – пишува оваа девојка чие име не е објавено, па додава:
– На 3.5.2023 г. имавме нормален час по историја каде што учевме нова лекција… Имаше околу пет минути до крајот на часот и слушаме пукање мислејќи дека се петарди (тогаш го убива обезбедувањето и дежурните ученици), по што со два пиштола влегува во просторијата по историја и почнува да пука во наставникот по историја и неговиот најдобар пријател В.П. Се скривме под масите, сите бевме во шок. Се скривме под масите. Веројатно гледаше од каде доаѓа тој звук, станав, го прескокнав мртвото момче А.Ч. и истрчав од училницата, по што следеше малото девојче Л.В. и две момчиња В.В. и М.П.. Ние четворица останавме живи“, пишува таа.
Таа продолжува да го опишува ужасот што го нашле во училишниот ходник.
– Ги видовме дежурните ученици А.Б. и Б.А. и обезбедувачот мртви, бевме во шок, но истрчавме од училиштето. Л.В. и јас истрчавме до мојата куќа, додека момчињата одеа во своите домови. Подоцна бевме известени дека С.Н. е застрелана во рака, но таа беше жива… А потоа ни рекоа дека некои од нашите пријатели се мртви, а некои се во Ургентно и во болницата Тришова, – пишува девојчето на Инстаграм.
Инаку, во масакрот е рането момчето В.П., за кое таа тврди дека му било најдобар пријател на Коста Кецмановиќ и со тешки повреди на рбетот и главата е примен во болница.
Неговиот татко, заменик-началникот на пулмологија, не можеше да го препознае при приемот во болница, поради неговата лоша општа состојба.
В.П. се уште е во тешка состојба, бидејќи куршумот му поминал низ ‘рбетот, а се здобил и со повреди на главата. Кога таткото сфатил дека неговиот син е пред него на масата, потполно полудел, врескајќи си го кинел палтото во состојба на голем шок.