(Видео) Уапсен е легендарен колумбиски фудбалер, се обидел да внесе 2 кг кокаин во авионот

Диего Осорио, поранешен фудбалер од Колумбија, е уапсен откако полицијата на аеродромот кај него пронашла речиси 2 килограми кокаин.

Според извештаите, Осорио се обидел да прошверцува дури 1.849 грама кокаин на 8 април годинава, кога патувал од Меделин за Мадрид.

Дрогата се обидел да ја прошверцува во патики.

Колумбиецот играше за репрезентацијата на таа земја во 1990-тите, заедно со легендарните Карлос Валдерама и Рене Игуита.

Во 1998 година, Осорио за првпат преминал на другата страна на законот, а четири години подоцна (2002) првпат бил уапсен.

Тоа не му било доволно, па пред седум години бил уапсен, но казната ја отслужил во домашен притвор.

Полицијата ги информираше медиумите и јавноста за немилиот настан кој се случи на 8-ми април дури вчера, на 6-ти мај.