Српските медиуми јавуваат дека таткото на Урош Б. момчето кое изврши масакр деновиве во Младеновац, починал од срцев удар.
„Починал Радиша Блажиќ, таткото на убиецот од Младеновац“ е веста која се појави во Србија, а за која засега нема официјална потврда.
Оваа вест ја потврдил пријател на семејството.
Момчето пред два дена уби осум и рани 14 луѓе.
Мештаните раскажаа дека се работело за проблематично семејство. Полицијата по неколку часа го уапси напаѓачот.
Тој сакал да влее страв кај населението.
По двата масакри деновиве, Србија презема мерки за разоружување на населението. Се заоструваат мерките и казните за нелегално поседување оружје.