Претседателот Пендаровски со сопругата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети

„Искрени и срдечни честитки по повод крунисувањето на британскиот Крал Чарлс Трети и Кралицата Камила. Благодарност за честа и поканата да присуствуваме на оваа церемонија од историско значење во Вестминстерската опатија во Лондон“, напиша претседателот Стево Пендаровски кој заедно со сопругата присуствувале на крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети.

„Македонско-британските релации се темелат на заеднички и универзални вредности. Годинава одбележуваме јубилеј од три децении од воспоставувањето на дипломатските односи, кои уверен сум ќе продолжат да се продлабочуваат“, додаде Пендаровски на фотографиите од крунисувањето на кралот што ги објави на неговата официјална страница на социјалната мрежа Фејсбук.