Пожар избувна денеска во напад со дрон врз нафтената рафинерија Илски во руската област Краснодар, соопштија за новинската агенција ТАСС службите за итни случаи.
„Нападот со дрон врз рафинеријата за нафта предизвика пожар на површина од 60 квадратни метри. Оттогаш пожарот е изгаснат“, изјави извор од руската агенција.
Според првичните информации, нема повредени во пожарите во рафинеријата, додаваат од итната помош.