Најдобриот шпански тенисер – Рафаел Надал ја освои рекордната 21. грен слем титула откако денеска по пет ипол часовна борба во Мелбурн го совлада Русинот, Данил Медведев.
Надал губеше со 2:6 и 6:7, но потоа со голем резултатски пресврт во наредните три сета (6:4, 6:4 и 7:5) стигна до триумфот.
Надал е првиот светски тенисер со 21 освоен трофеј од големите турнири, а четвртиот во историјата кој двапати ги освоил сите Грен слема.
Во богатата спортска кариера Надал освои две титули на Австралија опен, 13 на Ролан Гарос, две на Вимблдон и четири на САД Опен.