Фудбалерите на Наполи по пауза од 33 години стигнаа до титулата во италијанската Серија А откако синоќа на гостувањето кај Удинезе одиграа 1-1.
Веднаш по крајот на натпреварот почна големата прослава во автобусот на „наполитанците“, а сето тоа ни го долови македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Елмас си го оствари сонот и го повтори успехот на неговиот идол Горан Пандев, откако вчера со неговиот Наполи успеа да стане италијански фудбалски шампион за сезоната 2022/23.
Македонскиот репрезентативец е дел од новата златна генерација на Наполи која го повтори успехот од пред повеќе од 30 години, бидејќи овој тим на Лучијано Спалети направи нешто што се чекаше во Неапол од 1990-та година.
View this post on Instagram
Наполи единствените титули во Серија А ги освои кога лидер на тимот беше неповторливиот Диего Марадона, а три години по неговата смрт, Елмас и соиграчите се нови херои во градот.
Честитките за успехот на Наполи доаѓаат од сите страни од светот, но интересна и онаа која ја испрати самиот Елмас преку социјалните мрежи.
– Ние доаѓаме од мали земји како Македонија, Косово, Грузија, Словачка, Нигерија и Камерун, останатото е ИСТОРИЈА. Сонот на Неапол стана реалност – порача Елмас.
View this post on Instagram