Осум лица загинаа во терористичкиот напад што се случи ноќеска во Младеновац, во селата Мало Орашје и Дубона. Меѓу жртвите има полицаец (20), неговата сестра и уште еден млад човек (21), а има 13 ранети, дознава Телеграф.рс.
Урош.Б., бил со другарите во училишниот двор кога се скарал со нив. Дошол дома и ја зел автоматската пушка. Потоа се вратил кај друштвото, пукал во нив додека тие ја подготвувале скарата, па влегол во мерцедесот и наводно пукал од автомобилот во движење.
Наводно, подоцна го сменил автомобилот.
Инаку, осомничениот не бил осудуван, но, ж бил пријавен за насилство и се сметал за проблематичен човек. Наводно, напаѓачот бил син на воено лице.
Осум лица кои беа повредени во пукотницата кај Младеновац и на кои им беше укажана помош во Ургентниот центар се во стабилна состојба.
Во болницата Драгиша Мишовиќ има две повредени лица на возраст од 21 и 23 години.
Силни полициски сили се уште се на местото на злосторството. Има и екипи за итни случаи. Се врши физички претрес на теренот, јавува репортерот на РТС. Периодот кога почнува да се разденува е проблем за користење термо камери.
„Што ни направи?! Ми ги уби внуците“, низ солзи вели дедото на убиениот полицаец и неговата сестра.
Како што самиот потврдува, децата седеле во училишниот двор кога Урош пукал,пренесе Телеграф.рс.
Во текот на ноќта, додека стотици полицајци трагаа по него, убиецот Урош објави фотографија на Инстаграм со пораката „На кеца прангијам“ од филмот Јужен ветер.