Серџо Матарела – актуелниот италијански претседател синоќа беше избран за неговиот втор претседателски мандат.
Во осмиот круг на гласање, меѓу повеќе од 1.000 пратеници и регионални делегати во Претставничкиот дом, Матарела освои 505 гласови потребни за избор.
Гласањето следеше откако партиските лидери побараа од Матарела да остане на таа функција, бидејќи по неколкудневно неуспешно гласање во парламентот, Италија не можеше да добие нов претседател.
Лидерите на партиите му се заблагодарија на 80-годишниот Матарела што се согласи да остане на функцијата по 7 круга гласање.
Претходно, Матарела ја отфрли можноста да остане на функцијата, но бидејќи беше загрозена политичката стабилност на земјата, тој се согласи на тоа.