Во Израел, земјата која е меѓу „највакцинираните“ во светот кога станува збор за Ковид 19 бројот на тешко заболени надмина 1.000, што е најголем број од февруари 2021 година.
Од почетокот на годинава константно расте бројот на тешко болни пациенти, а синоќа здравствените власти објавија дека тој број достигна 1.010. Пред само една недела таа бројка беше 715.
Според Министерството за здравство на Израел, 301 пациент е во критична состојба, од кои 231 е на респиратор.
Во изминатата недела стапката на смртност е зголемена за 80,7 отсто.