Пронајдени седум тела на имотот на силувачот, меѓу нив и две исчезнати тинејџерки

Во понеделникот попладне полицијата пронашла седум тела на приватен имот на маж во Оклахома, по кој се води истрага за исчезнувањето на две тинејџерки, а се сомнева дека се меѓу исчезнатите малолетници.

Телата се пронајдени на имот во градот Хенриета, пишува CNN.

Властите во понеделникот издадоа предупредување за исчезнато или опасно по живот за 14-годишната Ајви Вебстер и 16-годишната Британи Бруер, истовремено споменувајќи го и Џеси Л. Мекфејден (39), регистриран сексуален престапник.

Тинејџерките последен пат биле видени во понеделникот рано наутро во Хенриета, а властите рекоа дека можеби биле во возилото со Мекфејден.

Шерифот на округот Еди Рајс изјави дека засега нема официјални резултати од идентификацијата на седумте пронајдени тела, но оти верува дека меѓу нив има исчезнатите тинејџерки.

Тој додаде дека нивните семејства се информирани за развојот на настаните.

Седум тела се пронајдени на имотот во кој живеел Мекфејден.

Тие не биле пронајдени во неговата куќа, туку на неговиот имот.