Почна да емитува програма телевизијата на владиката Петар

Од утрово почна да емитува програма телевизијата на владиката Петар – „Вистел“.

Една од првите емисии беше документарен филм со Македонци кои патуваат во Русија за да бараат жени. Во еден дел од филмот се појавува и Владиката Петар, во сцена од црква.

Владиката Петар порано беше еден од иницијаторите Македонци во делови од Македонија каде што има повеќе мажи од жени поради што остануваат неоженети да си ја побараат среќата со христијанки од другите православни земји каде што има поголема женска популација, отколку машки.

На телевизијата се емитува и музика, програма за тоа што значи терминот туризам, црковна програма.

Телевизијата „Вистел“ е сопственост на фирмата „Преобразба ДООЕЛ Скопје“, чиј сопственик е Петар Каревски, односно Владиката Петар.

Начинот на нејзино финансирање засега е тајна. Ќе емитува целодневна програма.