Тинејџер украл автомобил и направил тешка сообраќајка – загинаа три лица

Тинејџер (13) предизвика тешка сообраќајна несреќа во австралискиот град Марборо во која загинаа три лица, откако автомобилот што го управувал удрил во друго возило.

Тинејџерот прво украл автомобил, а потоа удрил од задниот дел од возилото во друг автомобил, по што преминал на спротивната лента и се судрил со возило во кое се наоѓале три жени.

Три жени на возраст од 17, 29 и 52 години починале на лице место. Уште едно девојче (23) е тешко повредено и лекарите се борат за нејзиниот живот.

Момчето кое ја предизвикало несреќата било полесно повредено и по укажаната помош во болница е приведено.

Тој се товари за опасно возење кое резултирало со смрт. Наскоро треба да биде на суд.

Портпаролот на полицијата изјави дека 13-годишното момче веќе им било познато на властите, но тие не сакале да соопштат повеќе детали.