Деца на возраст од 10 и 13 години силувале осумгодишник

Пред неколку дена во јавноста одекна вест дека малолетници силувале малолетник.

По ова случајот влезе и во обвинителството, од каде се очекува повеќе информации.

Телевизија Телма објави дека силуваното дете имало само осум години, додека пак насилниците се деца на 13 и 10 годишна возраст.

Според Телма, кога дознала мајката на силуваното дете веднаш го пријавила случајот во полициската станица Бит пазар.

Тие грозоморниот чин го снимале на мобилен и потоа го праќале на своите другарчиња.  За среќа видеото не е објавено на социјалните мрежи. Кога дознала, мајката на силуваното дете веднаш го пријавила случајот во полициската станица Битпазар.

-Преземени се соодветни мерки и активности и веднаш во полициската станица извршен е службен разговор со малолетниците, но и со родителите затоа што станува збор за  малолетници кои се под 14 години. Случајот е документиран и поднесен е соодветен поднесок до обвинителство. Отсега случајот е во надлежност на Основното јавно обвинителство и Центарот за социјални работи, вели Тони Ангеловски, портпарол на МВР.