Михаил Развозаев, рускиот водач на окупираниот Севастопол, објави дека гори резервоар за гориво во заливот Козача.
Пожарот е предизвикан од напад со дрон синоќа, објави тој на Телеграм.
„Гори резервоар за гориво во реонот на улицата „Браќа Манганари“ во заливот Козача. Прелиминарните информации укажуваат дека пожарот бил предизвикан од напад на беспилотно летало. На местото на настанот работат сите потребни специјалци. Областа од пожарот е околу 1.000 метри квадратни“, напиша Развозајев.
Развозајев наведува дека во пожарот нема повредени. На местото на несреќата има 18 противпожарни единици и 60 спасувачи, а се очекува пристигнување на противпожарниот воз.
„Пожарот нема да влијае на снабдувањето со гориво во Севастопол. Овие резерви не беа искористени за снабдување со гориво на бензинските пумпи“, објави подоцна Развозајев.