„Добро сум“ – се огласи Вучиќ по написите дека бил хоспитализиран

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по написите во некои медиуми дека итно е примен во болница, изјави дека е во добра здравствена состојба и дека денеска оди на планирана обиколка на областа Зајечар.

„Добро сум. Денеска од 12 часот одам во обиколка низ Србија“, изјави Вучиќ за „Спутник“.

Вчера одредени медиуми во Србија ја објавија информацијата дека претседателот на Србија е во болница, а изјавите прво се појавија на социјалните мрежи.