Бајден порача – ќе испратиме војници во Источна Европа

Џо Бајден – претседателот на САД изјави дека „наскоро“ ќе испрати мал број свои војници во Источна Европа поради тензиите со Москва околу Украина.

„Наскоро ќе испратам американски војници во источна Европа и земјите на НАТО. Не многу“ рече тој.

САД веќе имаат 8.500 војници кои се ставени во подготвеност за зајакнување на НАТО силите.

Бајден повтори дека не станува збор за испраќање американски војници во Украина, која не е членка на Алијансата. Испраќањето војници во источните земји претставува дополнително средство за притисок врз рускиот претседател Владимир Путин, за кого САД веруваат дека може да ја нападне Украина следниот месец.