Претседателката на Косово, Вјоса Османи на Твитер напиша дека Србија за помалку од 24 часа двапати го прекрши Охридскиот договор.
Таа порача дека првиот прекршок е надворешно мешање во изборите во Косово, додека вториот е лобирање и гласање против прифаќање на барањето на Косово за членство во Советот на Европа.
„Србија за помалку од 24 часа изврши две прекршувања на Бриселско-охридскиот договор: надворешно мешање во изборите во Косово (спротивно на член 2), лобирање и гласање против апликацијата на Косово до Советот на Европа (спротивно на член 4). Нов договор, но истата стара Србија“, напиша Османи на Твитер.
Вчера на Советот на министри на Советот на Европа, Србија заедно со уште шест земји гласаа против поднесувањето на барањето на Косово за членство до Парламентарното собрание на Европската Унија.