Се одложи јавната седница на Апелација за „Меѓународен сојуз“ – Бојан Јовановски се уште е во болница

Денеска е одложена јавната седница на Апелација во врска со предметот „Меѓународен сојуз“.

Од таму велат дека одложувањето е поради тоа што Бојан Јовановски попознат како Боки 13 се уште е во болница,.

„Јавната седница пред Апелациниот суд Скопје по кривичниот предмет КОКЖ-153/22 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“ закажана за ден 24.04.2023 година, се одложи поради неможност на обвинетиот Б.Ј.од С. да присуствува на седницата по скоро извршена хируршка интервенција кој сеуште е хоспитализиран и ја прима неопходната нега, додека за обвинетата Ј.Е. нема уредна достава, за што судот е известен од бранителот дека има промена на адреса непријавена во судот, по што е задолжен бранителот во рок од три дена да ја достави точната адреса“, стои во соопштението на Апелација.