Милановиќ до Вучиќ: Сакаш да дојдеш во Јасеновац, еве јас ќе ти бидам домаќин

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ изјави дека не гледа проблем со доаѓањето на српскиот претседател во Јасеновац, кој има „богата историја на патувања низ Хрватска и секакви приказни за Глина“, пренесе синоќа N1 Загреб.

„Но, еве, господине претседателе на Србија, сакате да дојдете во Јасеновац, каде што се одржа целиот државен самит, еве јас ќе ви бидам домаќин“, рече Милановиќ.

Н1 Загреб пишува дека викендов имало пораки од Босна и Херцеговина за отцепување на Република Српска и нејзино припојување кон Србија, а Милановиќ, на прашањето дали треба да биде загрижен за пораките на Вучиќ и претседателот на РС, Милорад Додик, одговорил со „да и не“.

„Да, затоа што не е реално и нема да биде така. Не е одговорно луѓето да создаваат илузии и да ја подгреваат желбата. Босна и Херцеговина е тука и ќе остане таква каква што е. Ова не е загрижувачки бидејќи е целосно нереално .Со чија помош ќе се случи ова? Русија? Мој пријателски совет до браќата Срби,ајде луѓе, бидете паметни. Помош од Русија нема, никогаш немавте. Бугарите имаат корист затоа што ги ослободија од Турците, не. Сега како мислите да се отцепите од БиХ? Таа закана е постојана секогаш кога се чини дека Додик некаде пропушта вода“, објасни Милановиќ.