Оштета за претрпената штета бара Стопанската комора

Оштета за претрпената штета бара Стопанската комора. Велат биле оставени сами на себе да се борат со енергетската криза. Истакнаа дека повеќе нема да чекаат државата да ги решава нивните проблеми.

„Ако ние како компании навремено реагиравме во тој момент како што треба, и не верувавме во лагите на државата, ние ќе си имавме струја по 118 евра. Епа, еднаш се изгоревме, сега јас прашувам и знам дека во животот е дозволено еднаш да згрешиш, два пати си будала, а трет пат си идиот…“ Сега втор пат ќе згрешиме. Ми доаѓаат бизнисмени и ми велат – од цел свет носите суровини, а не сте способни струја да набавите?!“, рече Бранко Азески, претседател на Стопанската комора.
За 500 отсто повисоки сметки за струја биле на некои од 100 анкетирани компании, покажаа податоците на бизнисмените.

„Во земјоделско – прехранбениот сектор, 75 отсто од анкетираните навеле дека трошокот за електрична енергија им бил зголемен над 100 проценти, потоа 60 отсто од хемискиот сектор навеле дека тоа зголемување е над 250 отсто, а најголемо зголемување на трошоците за електрична енергија има металуршкиот сектор кое се движи и до 470 проценти“, рече Билјана Пеева Ѓуриќ, оперативен директор на Стопанска комора.

Премиерот вели пак дека ги прифакаат предлозите од комората.

Стопанствениците побараа Владата да размисли да им овозможи на стопанствениците кои немаат обновливи извори на енергија да инвестираат во батериски системи за да можат да ја купуваат електричната енергија кога е по пониска цена и да ја продаваат кога ќе биде повисока.