Дрон со 17 килограми експлозив се урна во близина на Москва

Беспилотно летало со 17 килограми експлозив се урна во близина на Москва, објави денеска рускиот канал на Телеграм“ – „База“, пренесува „Новиот глас на Украина“.

Вчера, 23 април, во попладневните часови, жител открил дрон во шумата кај Ногинск, во Московската област.

Откриеното беспилотно летало наводно е украински UJ-22 Airborn, тврди „База“.

Иако првите информации велеа дека во дронот немало експлозив, ТАСС јави дека во леталото сепак имало експлозив.

– Авионот е преполовен и во него е пронајден експлозив – пишува ТАСС.

Руските безбедносни служби истражуваат од каде е лансирано леталото.

– Урнатото летало е UJ-22 Airborne. Произведено во Украина. Вкупната тежина на експлозивот е 17 килограми. Експлозивот не се активирал. Максималниот опсег на летот на таков дрон е 800 км. Лета на височина од 50 метри со брзина од 130-140 км/ч – пишуваат руските медиуми.