Судот на честа пред одлука за анестезиологот „Тик-токер“
Судот на честа при Лекарската комора денеска треба да ја каже одлуката за обвинението против анестезиологот Ваљтон Дервиши, од тетовската болница кој снимаше видеа во гинеколошкото одделение и ги објавуваше на социјалните мрежи.
Случајот предизвика остри реакции во јавноста бидејќи анестезиологот ја искористил својата позиција и ги нарушил правата на пациентите и нивното достоинство, и угледот и честа на лекарската професија.
Тој е во притвор и јавното обвинителство веќе покрена обвинение против него.
За неговото претходно поведение, иако има шпекулации, нема никакви официјални информации.
Министерот за здравство Фатмир Меџити одговарајќи на новинарско прашање рече дека начул оти Дервиши одел на работа под дејство на наркотици, ама немало како да се докаже бидејќи во болницата во Тетово немало ни формирана дисциплинска постапка за однесувањето на медицинските лица и воопшто да може да биде оценувано.