Родители на три деца загинаа во сообраќајка на мотор

Вчера во градот Нови Михаљевци, во Србија, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа две лица на мотор. Како што пренесуваат локалните портали, загина брачниот пар Видовиќ од градот Јакшиќ.

Крешо и Анита зад себе оставија три мали деца. По истрагата полицијата опишала како дошло до несреќата.

„Во недела на 23.04.2023 година околу 14,35 часот во градот Нови Михаљевци, 41-годишен возач кој управувал мотоцикл марка „БМВ“ со регистарски број „Пожега“, влегол во остар агол да сврти надесно, изгубил контрола над возилото поради непрописна брзина и моторциклот паднал на коловозот, па се лизнал на спротивната сообраќајна лента“, се вели во соопштението на полицијата.

„Потоа дошло до удар на предниот лев дел од патничко возило марка „фолксваген“, регистарски таблички од Пожега, кое од спротивниот правец го управувало 45-годишен маж под дејство на алкохол 2,26 промили“, пишува полицијата.